×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина

    21.02.2022 13:58 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    За целосно вакцинирани лица се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцини, а по втората доза поминале најмалку 14 дена, а не оние кои примиле трета (бустер) доза, за што впрочем говорат и извештаите на Институтот за јавно здравје и на Министерството за здравство

    Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина Фото: Вистиномер

    Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се изнесени статистики за дневниот број на починати како последица на ковид-19 и нивниот вакцинален статус. Станува збор за бројот на починати од 9 февруари 2022 година и тоа може да се види од самиот датум на објавата.

    Во постот се вели:

    Денес од 22 починати 18 се целосно вакцинирани!? А инаку, за целосно вакцинирани ги сметаат само тие со трета (бустер) доза !!! Кој знае колку „одат“ со две дози?!?

    Дезинформација е тврдењето дека во Република Северна Македонија за целосно вакцинирани се сметаат само лицата што примиле трета доза вакцина. Во земјава, за целосно вакцинирани се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцини, а по втората доза поминале најмалку 14 дена.

    Оваа дефиниција за тоа што претставува целосно вакциниран граѓанин е наведена официјално во извештаите за состојбата во С. Македонија и вакцинацијата, кои континуирано ги објавува Институтот за јавно здравје.

    Ќе го земеме за пример последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен на нивната официјална веб-страница а кој се однесува за временскиот период од 31 јануари до 6 февруари 2022 година.

    Во него се вели дека комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза вакцинирани се 132.488 лица.

    Вакцинацијата со трета доза во земјава е само препорака, a потребно е да поминат најмалку шест месеци по втората доза пред лицето да може да биде вакцинирано со трета. За ова се води евиденција во системот Мој термин, па така, ако граѓанинот дојде на вакцинален пункт да прими трета доза пред да му истечат шесте месеци по втората доза, тоа нема да може да го стори.

    Поради сето ова, оценуваме дека не е вистина дека за целосно вакцинирани се сметаат оние лица кои примиле три дози вакцини. Во статистиката на починати, за целосно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцини, а после втората доза поминале најмалку 14 дена.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар