Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вакцините против ковид 19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и безбедни дури и кај луѓе со претходни состојби на ослабен имунолошки систем, вели Пабло Пеналоза МакМастер, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот Нортвестерн
Или по нашки, стануваат сидаши. Тоа е нов вид на СИДА или отворена врата за секоја болест. Си ги ризикувате животите со примање бустер. Официјалните податоци од владата на Велика Британија силно сугерираат дека вакцинираните развиваат синдром на стекната имунодефициенција предизвикана од вакцината, се вели во постот кој го рецензираме.
Имајќи предвид дека милиони луѓе во светот веќе се вакцинирани против ковид 19, досега ќе беше детектирано, ако се појавуваше СИДА после вакцина, рече доктор Грант МекФаден за Асошиејтед Прес.
Исто така, лажно е било кој да тврди дека вакцинацијата резултира во ерозија на имунитетот или стекната имунодефициенција, ако воопшто нешто такво и постои, вели Питер Нордсторм
Вакцините против Ковид-19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и безбедни дури и кај луѓе со претходни состојби на ослабен имунолошки систем, вели професорот Пабло Пеналоза МакМастер
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар