×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сребрен медал за Бајрам Мамутовски на меѓународен турнир во Бања Лука

    01.03.2023 16:33 | Сузана Николиќ

    Бајрам Мамутовски, член на Боксерскиот клуб Куманово, освои второ место на Младинската боксерска златна ракавица, која викендов се одржа во Бања Лука, Република Српска.  

    Сребрен медал за Бајрам Мамутовски на меѓународен турнир во Бања Лука

    „По 15 години боксер од Куманово се пласираше во финале , но за жал беше поразен со резултата 3:2. Сепак, и ова е голем успех да се освои сребрен медал на ова престижно меѓународно натпреварување.  Мамутовски е голем талент и за него допрва ќе се слушне, сигурен сум  ќе донесе многу европски и светски медали на градот и на државата. По ова натпреварување продолжуваме со интензивни подготовки за Европското јуниорско првенство и за турнир во Србија, од каде се надевем дека повторно ќе се вратиме со медали “, изјави тренерот Самет Салиевски.

    Шеснаесетгодишниот Мамутовски е член на македонската боксерска репрезентација, а во Бања Лука учествувале уште двајца боксери од Скопје.

    Во силна конкуренција од над 250 учесници од осум држави, македонските боксери покажале извонредни резултати, бидејќи сите тројца се бореле за медал во финале.

    Боксерските натпреварувања во Бања Лука се едни од најпрестижните на Балканот.