Турнир во мал фудбал „Видовден“ од 22 до 27 јуни
21.06.2022 14:55
| Стефан Николиќ
На теренот кај спортската сала „Соколана“ утре во 19 часот ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал „Видовден“.
Турнирот ќе трае од среда до понеделник, а го организира Српската заедница во Македонија со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови од Куманово.
„Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 22, 23 и 24 јуни, додека полуфиналите напревари ќе се одиграат на 26 јуни во недела. Додека финалето и натпреварот за трето место ќе се играат на 27 јуни -понеделник, пред големиот празник на Србите, Видовден. Натпреварите ќе започнуваат од 19 часот. Ги повикуваме сите граѓани на Куманово да дојдат заедно да ги проследиме натпреварите“, велат организаторите.

