1 Мај, неработен ден за сите граѓани
27.04.2020 08:43
| KumanovoNews
Денот на трудот 1. Мај, петок, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.