13 месечно бебе паднало од балкон
27.04.2018 13:23
| KumanovoNews
Тринаесет месечно бебе паднало од балкон во зграда на улицата „Егејска Македонија“.
Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, по што бебето со возило на Итна помош било однесено во Кумановската болница. По укажаната лекарска помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Случајот во полиција го пријавиле од Итна помош во 15.55 часот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.