АД за станбен и деловен простор во Куманово доби нов директор
19.03.2018 07:31
| KumanovoNews
Русе Димовски е назначен за в.д. директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Куманово.

Димовски долги години работи во Кумановската подружница. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Гоце Кузмановски од Скопје.
Покрај во Куманово назначени се раководители и во други градови во државата.