Александар Петровиќ нов тренер на КК Куманово
31.10.2017 10:14
| KumanovoNews
Александар Петровиќ од Скопје е новиот тренер на КК Куманово.

Одлуката Петровиќ да ги води кумановските кошаркари до крајот на сезоната управата на клубот ја донела утринава, дознава Кумановоњус.
Петровиќ во две сезони го водел тимот на МЗТ Скопје, предходно бил тренер на Карпош- Соколи и Пелистер.
Тој доаѓа на местото на Игор Михајловски, кој поради лични причини си поднесе оставка.
фото:sportmedia.mk