Без струја делови од Куманово
Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска и утре, делови од Куманово ќе останат без електрична енергија.
Според најавата на ЕВН, денеска од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, „11-ти Ноември“, кај мостот за населбата Бедиње, и „Осогово“.
Од 8:30 до 12 часот, прекин на електричната енергија ќе има на дел од улицата „Доне Божинов“, кај објектите околу автобуската станица и на дел од улицата „Николина Тесла“.
Утре, петок, од 8 до 13:30 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Иво Лола Рибар“.
На 23 ноември, од 9 до 11 часот, прекин е најавен во дел од селото Опае.
На 24 ноември, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Табановце, Воиновиќ и Сопот, како и воените објекти во селото Четирце.