Мени

„Точка на вриење“ – Изложба на Мартина Павлевска во Куманово

04.11.2026 09:21 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Точка
на вриење “ од авторката Мартина Павлевска. 

„Точка на вриење“ – Изложба на Мартина Павлевска во Куманово

Изложбата содржи дваесетина дела од нејзината најнова продукција.

Според авторката, овој циклус на слики ја истражува сложената испреплетеност помеѓу искуството, надворешните влијанија и внатрешните конфликти кои што го обликуваат поединецот.

„Точка на вриење“ го преиспитува идентитетот како флуиднена форма и врска помеѓу сеќавањето, сегашноста и стремежот кон
индивидуалната слобода, стои во најавата.

Мартина Павлевска (22) е студентка на Факултетот за ликовни уметности на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на катедрата по ликовна педагогија. Учествувала на повеќе групни изложби во земјата и регионот и е добитник на повеќе училишни како и општински награди, меѓу кои прва награда за ликовно достигнување – Кочо Рацин - Куманово. 

Оваа изложба беше презентирана во Скопје а во Куманово ќе биде поставена до 11. ноември.