Им нудел помош на банкомат, па им одземал дел од парите
03.11.2026 11:19
| KumanovoNews
Педесетгодишник е приведен под сомнение дека одземал дел од парите на граѓани на кои им помагал да подигнат готовина од банкомат.
Вчера околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 50-годишниот жител на селото Пчиња, кумановско.
„Тој бил забележан пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“. На оштетените граѓани им нудел помош при подигнување пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание, земал дел од парите. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.