Без струја повеќе делови од Куманово и околината
Повеќе делови од Куманово и околните населени места ќе останат без електрична енергија денеска и во наредните три дена поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Според известувањето од ЕВН Скопје, прекини се најавени на 29 и 30 септември и 1 октомври.
Денеска од 08:45 до 14:45 часот, без струја ќе бидат улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во Бедиње.
Утре од 07:30 до 15:30 часот, прекин ќе има на улиците „Ленинова“, „Панче Пешев“, „Пелинска“ и „Доне Божинов“, како и во Долно Којнаре, Табановце и локалитет Жмара. Во Бедиње, на улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“, прекинот ќе трае од 08:45 до 14:30 часот.
Во четврток од 08:45 до 14:45 часот, без струја повторно ќе бидат улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во Бедиње.
Во периодот од 10:30 до 12:15 часот, прекин е најавен во дел од Бабин Дол, Доброшане со индустрискиот дел, Вера Которка, Проевце, Шупли Камен, Зелен Рид и Орашац.