×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бислимската клисура потенцијална туристичка атракција во Куманово

    12.02.2013 15:10 | KumanovoNews

     Мал број кумановци знаат дека на потегот од Искрин мост до селото Пчиња, на простор од десетина километри се протега Бислимската клисура, која е богата со пештери, јами и многу ендемски видови на животни и растенија.

    Бислимската клисура потенцијална туристичка атракција во Куманово

    Ова место е уникатно и слична клисура нема во целиот североисточен дел на Македонија.

    Карпите се стари 200 милиони години, а целиот терен изгледа фасцинантно.По текот на реката Пчиња има бујна вегетација, пештерите се проодни и внатре кога има дождови се формираат езерца.На кратко растојание се менува микро климата заради циркулација на воздух. Тука е Студена пештера и кога ќе влезете во неа студено е како во фрижидер. Потоа има појас каде е топло како во рерна. Пештерата е долга 100 метри, а внатре има лавиринти и една огромна сала - раскажува Ивица Милевски, професор на Институт за географија.

     Од околните села само овчарите имале храброст да влезат во некоја од пештерите, бидејќи верувале дека внатре има злато. Селаните од Пчиња знаат многу легенди за овие пештери, а професорот Милевски, детално го истражил теренот за кој вели дека може да прерасне во туристичка атракција.

    За да се разгледа местото потребен е повеќе од еден ден. А во делот каде што реката е најтесна треба за да изгради дрвен мост. Атракција би било да има мост и да може да се помине од едната на другата страна на реката. Ова е подрачје кое има потенцијални 70.000 посетители од градот, плус тука поминуваат и луѓе на пат кон Свети Николе. Треба да се почне со нешто што не чини материјално многу, со патокази, летниковци, да се направи сместувачки капацитет каде луѓето би преноќиле. Добро е да има паркинг, бидејќи во спротивно нема каде да се остават возилата, ќе мора или кај Орашачки мост или во некој двор во село Пчиња - изјави Милевски.

    Професорот вели дека се случувало луѓето да скршат пештерски украс кој се формирал за период од 10.000 години само затоа што мислеле дека со него ќе го украсат домот, но се разочарале, бидејќи надвор од пештерата сталагмитите се уништуваат. Кај пештерите се најдени и коски поради што се претпоставува дека луѓето пред многу векови тука извршувале обреди.

    Презентацијата за Бислимската клисура ја организираше Секторот за економски развој во Општината Куманово заради развој на туризмот во општината.