Брашно и хигиенски пакети за поплавените семејства
06.03.2013 13:03
| KumanovoNews
Од општинскиот штаб за справување со кризи и членовите на СДСМ, денеска беше поделена хуманитарна помош на семејствата кои беа зафатени со поплавите.
Помошта се состои во вреќа брашно, хигиенски пакет и боја за варосување, облека и обувки, a ја врачи градоначалникот Зоран Дамјановски.
Помошта ќе биде поделена на 70 семејства од населбата Средорек, кои се најоштетени со поплавата. На барање на претставниците од месната заедница, обезбедивеме по една канта поликолор за секое смејство за да ги исчистат и варосаат собите, а во договор со центарот за јавно здравје ќе се изврши дезинфекција на куќите- изјави градоначалникот Дамјановски.
Бизнисмените од градот обезбедија 140 рала чевли.

