×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Царинската испостава Табановце прогласена за најдобра

    12.02.2013 15:58 | KumanovoNews

     Царинската управа на РМ, за период октомври - декември 2012 година за најдобра царинска испостава која врши патнички промет ја избрала испоставата Табановце-автопат, царинарница Куманово.

    Царинската испостава Табановце прогласена за најдобра

    Изборот е направен по претходно обработени извештаи за работата на царинските испостави врз основа на определени критериуми за: бројот на царински документи, извршители, наплатени давачки, откриени царински и девизни прекршоци, запленета стока, број на патници и возила и други.

    Изборот за најдобра испостава се врши за секој квартал во тековната година.