×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се отвори Центар за ран детски развој во Черкеско село

    20.11.2017 15:50 | KumanovoNews

    Центар за ран детски развој ќе се отвори во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село.

    Ќе се отвори Центар за ран детски развој во Черкеско село

    На површина од седумдесетина мерти квадратни ќе згрижува 60 деца на возраст од 3 до 6 години. Со децата ќе работи една воспитувачка во две смени од по три часа.

    Проектот чини 1,5 милион денари од кои 300 илјади ќе обезбеди Општина Куманово, а останатото УНИЦЕФ.  Денеска меморандум за соработка потпишаа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

    „Кога немаме доволни капацитети во детските градинки, заедно со нашите партнери изнаоѓаме начини како на оваа категорија на деца да им излеземе во пресрет и им овозможиме да посетуваат предучилишна установа“, - рече Димитриевски.

    „Сиромашните и руралните деца се оние кои што најретко одат во предшколска установа и токму затоа ја избравме општината Куманово и се надеваме дека проектот ќе се прошири во целата држава„,- изјави Перкс.

     Имплементацијата на проектот ќе започне веднаш, а се очекува  центарот да проработи на пролет.

    Во Куманово веќе работат два вакви центри, во основното училиште „11 Октомври“ и во „Христијан Карпош“ во Пуковско.