Ќе се отвори канцеларија за дијаспора во Куманово
Во Куманово, до крајот на годината ќе се отвори канцеларија за соработка со дијаспората.
Канцеларија ќе ги врши административно-технички работи за грижа на иселениците, односно истата ќе треба да одржува комуникација со дијаспората со потекло од Куманово. Ќе ја информира дијаспората по однос на одредени прашања, како вадење лични документи, постапки во областа на трудот и социјалната заштита, информирање за одредени закони или промени во законските решенија, информирање за можностите за инвестирање, како и информирање за конкретни културни настани кои би биле од интерес за граѓаните од дијаспората кои престојуваат во соодветната општина.
Првата канцеларија за соработка со дијаспората ќе започне со работа од 1 јули во Штип, а министерот за дијаспора на Македонија Едмонд Адеми најави дека наредните месеци вакви канцеларии ќе се отворат во Куманово, Тетово и Битола, а наредната година и во останатите поголеми општини во Македонија.