×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски до лани не знаел дека протекува крoвот на „Крсте“ и „Браќа“ - не му кажала предходната директорка, тврди Павловски

    23.10.2021 17:15 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, до минатата година не знаел дека протекува кровот на зградата во која се сместени основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, бидејќи  за тоа не го известила бившата директорка на „Браќа Миладиновци“, тврди идниот советник Николај Павловски од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, одговарајќи на обвинувањата на СДСМ дека локалната самоуправа не преземела ништо да го санира оштетениот покрив, поради што е загрозена безбедноста на учениците.

     

    Димитриевски до лани не знаел дека протекува крoвот на „Крсте“ и „Браќа“ - не му кажала предходната директорка, тврди Павловски

    „Со назначувањето на новата директорка на ООУ „Браќа Миладиновци“ во месец август 2020 година затекната е состојба каде кровниот покривач на централната училишна зграда има големо протекување на вода за време на врнежи и со мал обем. Истото, имаше негативно влијание на воспитно образовниот процес.  За оваа состојба, градоначалникот издал итна насока за изготвување на проект за санација на кров-замена на кровен покривач на училиштето „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ од страна на општината.Тој, не бил воопшто известен и запознаен за состојбата од претходната директорка на училиштето, која патем денеска се наоѓа на листата за советници од редовите на СДСМ на претстојните локални избори, каде носителка на листата е Атина Мургашанска која одржа прес-конференција на оваа тема. Каква е оваа непрофесионалност? Ваш кандидат за советник, кој претходно бил директор на училиштето не информирал никого за оваа состојба со училиштето, а денеска без никаква совест држите прес-конференции каде сакате да ја префрлите вашата одговорност на Димитриевски!?, праша Павловски.

    Тој информираше дека ЈП „Куманово -план“ изработило проект со кој на 23.11.2020 година училиштето аплицирало на јавен оглас за финансирање на проекти за реконструкција на училишен објект објавен од Министерството за образование и наука. Проектот бил одобрен и во тек е постапка за прибирање на изведувач.

    „За ова училиште издвоени биле средства со кои е извршена привремена санација од протекување на кровот, додека и официјално не отпочне имплементацијата на проектот за Санација на кров замена на кровен покривач. Најважно од се, учениците се безбедни во училиштето. Тие ја следат наставата во слободните училници и во информатичките кабинети“, кажа на прес-конференцијата Павловски.

     Мургашанска вчера обвини дека учениците од двете основни училишта посетуваат настава во други училници и објекти, затоа што протекува кровот на училишна зграда и постои опасност вода да дојде во допир со електрична инсталација и да ја загрози нивната безбедност. Таа го повика градоначалникот Димитриевски итно да реагира и да го реши проблемот.