„Држ не дај“ на Денови на комедија во Куманово
13.10.2017 06:21
| KumanovoNews
Претставата „Држ не дај“ во режија на Маја Гргиќ, во изведба на истоимената новосадска трупа, ќе гостува вечерва на Деновите на комедија во Куманово.

Настапуваат Соња Лештар, Ташана Ѓорѓевиќ и Никола Ивачков.
„Држ не дај“ е приказна за двајца млади, кои решиле да стапат во брак.Таа е од Црна Гора, а тој е од Војводина. Младите не сакаат прослави, но родителите сакаат свадба. Неговите се фини и благодродни, а нејзините држат до традицијата. Младите сакаат да живеат сами, но што мислат родителите...