Мени

Двајца загинати и тројца повредени на автопатот Куманово- Скопје кај Агино село

20.09.2026 11:01 | KumanovoNews

Две лица загинале, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово - Скопје кај Агино село.

Двајца загинати и тројца повредени на автопатот Куманово- Скопје кај Агино село

Несреќата се случила околу 21:35 часот, во насока кон Скопје, во атар на с.Агино Село, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(27) од Скопје. 

На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н.( 49) и Л.М.( 71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката С. Н. ( 28) и Б.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни  повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М.  бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На терен интервенирала и Противпожарната единица од Куманово.