×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Eуро Колеџ“ очекува британска акредитација

    06.06.2018 11:27 | KumanovoNews

    Професорот Џон Вилсон, претставник од Бордот за акредитирање на интернационални училишта, колеџи и универзитети (ASIC), од Кралството Британија ја посети високообразовната институција „Еуро Колеџ“- Куманово.

    „Eуро Колеџ“ очекува британска акредитација

    Тој имаше задача да изврши увид и верификација на спроведувањето на програмата, на условите за изведување на наставата во колеџот и да оцени дали се запазени условите за заштита и безбедност на студентит. Доколку сите овие стандарди се исполнети колеџот наскоро ќе се здобие со формална акредитација.

    Инаку  АSIC е овластено тело за акредитирање на високообразовни институции во Британија и странство, составено од професори кои предавале на престижни британски универзитети.

    „Не можам да кажам однапред каков ќе биде резултатот, но можам да дадам конкретни информации за подршката и помошта на деканот и персоналот. Според документацијата што ја поседуваат мислам дека се работи за една од најдобро подготвените институции. Моето мислење нема да биде конечно, туку ќе даде насока на менџментот за работите коишто треба да се извршат“, - изјави Вилсон за Kumanovonews.

    Од „Еуро Колеџ“ велат дека како сериозна високообразовна иституција ги следат барањата и потребите на образованието во Република Македонија поради што бараат акредитација и од акредитивни тела надвор од Македонија.

    „Во состав на Законот за високо образование потребно е да се изврши надворешна контрола на квалитетот на институцијата и затоа не е прв пат Еуро Колеџ да го посетуваат странски акредитивни тела. Претходните проверки за квалитет беа од страна на ИДЕАЛ во 2011 година кои не акредитираа на ист начин. Шангајското рангирање кое се одвива на секои три години е исто ака облик на екстерна евалуација. Слободно можам да тврдам дека во однос на евалуација од страна на тела надвор од Република Македонија, Еуро Колеџ е веројатно најоценуваната високообразовна установа во Македонија, за што потврдува сегашната посета на проф. Џон Вилсон од Акредитивното тело (АSIC) но и најавената валидациска посета на државен универзитет од Велика Британија која ќе се одвива кон средината на Јуни“- изјави деканот Љубиша Петрушевски.