Фрлена бомба во двор на кумановско семејство
28.05.2018 07:38
| KumanovoNews
Бомба-кашикара вчера во 3.30 часот по полноќ експлодирала во двор на семејна куќа во Куманово.

Случајот во полиција го пријавил М.Ц.(26) од Куманово, кој рекол дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа. Притоа, било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. М.Ц. е член на ВМРО-ДПМНЕ, беше претседател на УМС Куманово и член на извршниот комитет.