×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски најави дислокација на монтажната гаража од центарот на Куманово

    22.10.2021 19:59 | Сузана Николиќ

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски денеска на средба со жителите од централното градско подрачје најави дека веднаш по стапувањето на градоначалничката функција ќе ја отстрани монтажна катна гаража, која актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ја постави и покрај противењето на голем дел од граѓаните на Куманово. 

    Илиевски најави дислокација на монтажната гаража од центарот на Куманово

    „Еден од главните приоритети во наредниот мандат е токму уредувањето на центарот на градот. Се наоѓаме пред монтажниот објект наречен катна гаража, кој ќе биде отстранет по 31-ви октомври. Сообраќајниот метеж не се решава со привремени монтажи, туку со план и идејни решенија. Истата оваа монтажна гаража ќе биде дислоцирана и пренесена таму кадешто ваков тип гаражи се потребни, а не во центарот на градот“, рече Илиевски.

    Тој потенцираше дека во програмата на СДСМ и коалицијата предвидени се 3 вистински катни гаражи со над 1000 паркинг места, кои им се неопходни на граѓаните за непречено движење низ најпрометните улици, особено во работните денови.

    „Како градоначалник се обврзувам паркингот за жителите кои живеат тука да биде бесплатен, а една од катните гаражи кои ги предвидуваме ќе биде подземна катна гаража, со 700 паркинг места, со што уличките од овој дел ќе бидат затворени само за жителите. Вашиот глас на 31- ви значи глас за бесплатен паркинг!“, кажа Илиевски.