×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски најави замена на азбесните водоводни цевки на Никола Тесла

    23.10.2021 17:55 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски,  денеска на жителите на улицата Никола Тесла, им вети дека доколку добие мандат од граѓаните приоритет ќе му биде замена на водоводната мрежа на улицата, како асфалтирање улици и изградба на канализација.

    Илиевски најави замена на азбесните водоводни цевки на Никола Тесла

    „По деталното скенирање кое се вршеше во текот на измината година низ сите месни заедници, населби, маала, улици, за „Никола Тесла“ како приоритети кои се ставени во нашата програма е реконструкција на водниот режим и замена на азбестните водоводни цевки и решавање на проблемот со атмосферската канализација. Кумановци залужуваат чиста вода за пиење. Нема повеќе оправдувања, во 21- от век веќе нема простор да се зборува за инфраструктурни и канализационите проблеми. Тоа се основни потреби на еден граѓанин и на едно населено место“, кажа Илиевски.

    Тој потенцираше дека предвидена е и изградба на пешачка патека и раззеленување на просторот, проект којшто граѓаните од овој дел го бараат.

    „Во програмата „Најдоброто за Куманово“, предвидуваме изградба на пешачка патека покрај реката Којнарка од нас. Средорек па сé до училиштето „Киро Бурназ“. По должина на патеката предвидено е и хортикултурно уредување кое ќе допринесе за раззеленување на самата локација, како и изградба на тротоар кој е неопходен особено доколку се земе во предвид дека овде поминуваат ученици од едно подрачно основно и едно средно училиште“, заврши Илиевски.