Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија во Куманово
11.07.2018 07:26
| KumanovoNews
Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Интернационалната кичевска ликовна колонија.

Изложбата содржи триесеттина дела работени во летните месеци во 2017 година, а учество зедоа следните автори: Жарко Јакимовски, Весела Стаменова, Павел Василев, Никола Ненадиќ и др.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26 јули.