Камион удрил во кабина за пасошка контрола и повредил полицаец
Полицаец од граничниот премин Табановце завршил во болница, откако во кабината за пасошка контрола во која работел удрил камион.

Несреќата се случила синоќа околу 19 часот на лента за пасошка контрола, кога товарно моторно возило, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К.Г. (55) од Радовиш, удрило во кровната конструкција од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило.
Притоа, од искршените стакла со повреди на левата рака се здобил полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината.
Тој бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.