×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се бориме за што повеќе кандидатки за градоначалнички и носителки на листите за советници, порачаа од Форумот на жени на СДСМ

    20.07.2021 06:50 | Сузана Николиќ

    Нема еднаквост во општеството ако нема родова еднаквост, поради тоа ќе се залагаме да има што повеќе жени на листите за градоначалнички и советнички на престојните локални избори, порачаа учесничките на трибината на Форумот на жени на СДСМ, која синоќа се одржа во Куманово.

    Ќе се бориме за што повеќе кандидатки за градоначалнички и носителки на листите за советници, порачаа од Форумот на жени на СДСМ

    „Преку спроведените реформи преку проектите за поддршка на жените претприемачки и жените земјоделки, успеавме да ја мотивираме жената да биде дел од претприемачкиот свет да биде дел од механизмите кои го градат општеството. И нема да застанеме тука, заради одговорноста на СДСМ се повеќе жени се охрабрени, тоа е наша гордост. Како заменик претседателка на најголемата партија ќе се борам да се слушне гласот на жената, ќе се борам да имаме што повеќе кандидатки за градоначалници, што повеќе носителки на листите за советници, затоа што само така ќе продолжи процесот на промени кон целосна еднаквост“, кажа потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина на тема предизвиците на жената претприемач.

    Таа смета дека откако СДСМ е на власт се бележат сериозни резултати на полето на родовата еднаквост, а како одговорна и државотворна партија го вовела и го негува концептот на 50-50 на изборните листи.

    Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Куманово, Јасмина Георгиевска, вели дека со оваа трибина сакаат да дадат поддршка на сите жени што вложуваат во својот личен, професионален и политички развој.

    „Сакаме да ги охрабриме да почнат да ја градат својата успешна деловна приказна и да се борат за свое место во општеството. Државите со повисок степен на родова еднаквост се економски поуспешни земји. Владата на СДСМ во својата програма за работа во 2020-2024 година ја истакна својата заложба за родова еднаквост преку сузбивање на родовите стереотипи, елиминирање на родовото базирано насилство, зајакнување на жените во економијата и земјоделството, како и негување на лидерските потенцијали на жените. Токму оттука произлезе идејата за оваа трибина. Нашата борба продолжува за родовата рамноправност и за поголемо учество на жените на листите на локалните избори“, кажа Георгиевсска 

    На трибината се обратија и Снежана Калевска Ванчева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, раководителката на Центарот за вработување Куманово, Марија Димитриевска, адвокат Ани Пивоварова и Сања Трајковска, управител на слаткарница Грими.