Мени

Ќе се реконструира фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

16.09.2026 18:14 | KumanovoNews

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска изврши увид во почетокот на градежните работи на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово.

Ќе се реконструира фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

„На површина од 4.000 м² ќе се иградат современи услови за тренинг, развој и натпреварување на нова природна трева, целосно нивелирање и подготовка на теренот со надворешен хидрантски систем, нова ограда и голови и трибина по целата должина на теренот. Повеќе од десет години на овој клуб и на жителите на Куманово им било ветувано дека теренот ќе биде реконструиран, но ништо не било реализирано“, објави министерот.

Тој додава дека како Министерство за спорт и Влада, вложуваат во спортската инфраструктура затоа што создавањето услови за спорт е инвестиција во луѓето и во иднината на нашите деца.

Фудбалскиот терен се наоѓа до стадионот Башкими.