Kонстатирани низа неправилности во здравствените установи во Куманово, тврдат од ДСЗИ
Во Куманово утврдени се повеќе пропусти во здравствените установи, односно непочитување на законските норми, протоколи и мерки што почнаа да важат откако е прогласена пандемијата во целата земја, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова-Бухова.
„ Првото тестирање е извршено на 26 март на 28 членови од кризен штаб во Куманово, за кои се добиени 28 негативни резултати. Второто тестирање е на 12 април, при што земени се 38 бриса и добиени се пет позитивни резултати и издадени се решенија за 37 контакти. И првото и второто тестирање се извршени без спроведување на задолжителна епидемиолошка анкет и двете тестирања се изведени како скрининг по изјаснување на епидемилогот од Центарот за јавно здравје Куманово“ , изјави Сотирова Бухова.
Вториот прекршок е поради тоа што брисевите се земени во просториите на Општина Куманово, спровитно на протоколите.
„ Брисеви на лица сомнителни или со симптоми се земаат во просториите на Центарот за јавно здравје. Секој пункт мора претходно да добие дозвола од Министерството за здравство за исполнување на услови по основа на простор, опрема и кадар, заради овие два прекршока во тек е постапка за вонреден стручен надзор“ , додава Сотирова Бухова.
Вонреден инспекциски надзор е извршен во Службата за епидемиологија во Центар за јавно здравје Куманово, Здравствен дом Куманово – служба за Итна медицинска помош, Одделението за инфективни болести во Кумановската болница, во матичните ординации на пациентите за кои се спроведувал надзорот и потоа продолжил во трите приватни лаборатории во Скопје, каде е извршено тестирање на градоначалникот.