×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава против градоначалникот и двајца службеници во Општина Крива Паланка за несовесно работење

    19.05.2025 14:39 | KumanovoNews

    Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“. 

    Кривична пријава против градоначалникот и двајца службеници во Општина Крива Паланка за несовесно работење

    „Н.Ц. - вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, на 19.12.2024, постапувајќи по барање за одобрение за поставување на урбана опрема поднесено од правно лице - угостителски објект, без да утврди дека не се исполнети условите, изготвил одобрение за поставување на урбана опрема пред деловен простор на улица „Јане Сандански“  во Крива Паланка за периодот од 09.12.2024 до 09.12.2025. М.К. - вработена во општина Крива Паланка како раководител на Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животната средина и комунална инфраструктура  и С.М. - градоначалник на Општина Крива Паланка, го потпишале така изготвеното одобрение и на тој начин му овозможиле на барателот  да постави урбана опрема и да се стекне со противправна имотна корист.

    Одделението за внатрешни работи Крива Паланка поднесе кривична пријава и против правното лице - угостителски објект и М.М.(36), сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. М.М., во текот на 2024 година, како и во претходните години, поставил урбана опрема, маси, столови и други украси пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка, со што заземал вкупно 108.70м² земјиште во државна сопственост, кој пак е прогласен за имот во општа употреба. М.М., исто така, беа одобрение на узурпираниот дел поставил и настрешница со површина од 82.00 м²“, соопшти МВР.