Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и две медали во поединечна и екипна конкуренција освоија кумановските ученици на Државниот натпревар во атлетика за основни и средни училишта, кој денеска се одржа во Куманово. Учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи, од 15 града на Македонија.
Натпреварот се одржа на Атлетскиот стадион во спортскиот комплекс Соколана. Учесници допатуваа од Охрид, Велес, Струмица, Тетово, Скопје, Кратово, Свети Николе, Делчево, Пехчево, Виница, Битола, Прилеп.
„Имаме супер, одлична атмосфера, натпреварувачки дух меѓу атлетичарите, добра организација од наша страна, за што не пофалија колегите. За организирање и за вакви настани имаме единствен атлетски терен во Македонија, кој ги задоволува условите на училишни натпревари“, истакна Марјан Нојковски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС).
Натпреварот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а ОСУС се јавува како техничка поддршка.
Учесниците се натпреварувале поединечно во тркачки дисциплини на 60 и 300 метри, за учениците од 6 и 7 одделение, и на 300, 400 и 800 метри на останати возрасни категории. Како екипа се трчало во штафетната трка, а од технички дисциплини се одржаа натпревари во фрлање на ѓуле, скок во височина и скок во далечина.
Од учесници од основните училишта во Куманово особен успех постигнаа:
Миа Голубовска од „Крсте Мисирков“ освои 1 место во трката на 300 метри за жени,
Ведран Николовски од „Крсте Мисирков“ освои две 1 места, во трката на 100 и 300 метри за мажи,
Јован Димковски од „Кирил и Методиј“- 2 место во трката на 800 метри за мажи,
Јана Анастасовска од „Кочо Рацин“- 2 место во трката на 300 метри за жени,
Лана Спасовска од „Браќа Рибар“—2 место во трката на 300 метри за жени,
Бојан Чоробенски од „Кочо Рацин“- освои 3 место во трката на 60 метри за мажи,
Меланија Станковиќ од „Толи Зордумис“ освои 1 место во дисциплината фрлање на ѓуле,
Јана Анастасовска од „Кочо Рацин“ освои 2 место во скок во височина,
Михаил Стојановски од „Крсте Мисирков“ освои 2 место во скок во височина,
Михаил Величновски од „Кочо Рацин“ освои 2 место во скок во далечина и 3 место во скок во височина.
Од кумановските средношколци се истакнаа:
Михаил Стошевски од „Гоце Делчев“ кој освои 1 место во трката на 100 метри и 3 место во скок во височина,
Нева Петрушевска од „Перо Наков“ – 3 место во трка на 800 метри,
Тијана Јовановиќ, „Перо Наков“ – 3 место во трка на 400 метри,
Александар Стојановски, „Киро Бурназ“- 3 место во трка на 400 метри за мажи,
Антонио Стевковски од „Наце Буѓони“ освои 3 место во дисциплината фрлање на ѓуле.
Во штафетната трка 4х100 метри за жени второ место освоија ученичките на „Перо Наков“, а во истата дисциплина 4х100 метри за мажи трето пласиран беше тимот на Гимназија „Гоце Делчев“.
Во штафетната трка за основници кај жените 2 место освои екипата на „11 Октомври“, а 3 место „Браќа Рибар“, додека кај машките учениците на „Крсте Мисирков“ се пласираа на 2 место.