×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец продавал фалсификувани лекови

    27.02.2018 11:12 | KumanovoNews

    До Основно Јавно Обвинителство Куманово поднесена е кривична пријава против А.Љ. (33) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување од член 212 став 1 од КЗ на РМ.

    Кумановец продавал фалсификувани лекови

    Пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист во неутврден временски период од непознато лице набавил 44.600 капсули Трамадол од 50 мг. со натпис дека се произведени во Алкалоид Скопје. Со намера да ги стави во промет лековите што се штетни за здравјето на луѓето ги спакувал во две патни торби кои ги ставил во ПМВ Фолксваген Туарег со цел да ги продаде.

    При редовна контрола на полициски службеници од СВР Куманово во с.Романовце извршен е преглед на возилото при што се пронајдени лековите и со потврда за одземени предмети се одземени од пријавениот.