Младите се едуцираат за даноци
08.11.2012 08:43
| KumanovoNews
Од страна на УЈП спроведени се 900 обуки за фискална едукација на младите.
Преку предавања во средните училишта младите учат кои видови на даноци постојат, зошто и на кој начин треба да плаќаме данок. На овој начин се подига даночната култура, а учениците од средните економски училишта и студентите ги зголемуваат своите знаења. Проектот за “Фискална едукација кај младите“ се спроведува трета година по ред со согласност на Министерството за образование и Бирото за развој на образование.
Во предавањата се вклучени 43 даночни експерти. УЈП од почетокот на проектот успеала да реализира 97 отсто од планираните активности. И наставниците се категорични дека ова знаење ќе им помогне на учениците.

