×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Моето здравје е мое право“ проект на НРЦ во Куманово

    28.02.2018 16:03 | KumanovoNews

    Истражувањето  на Националниот Ромски центар од Куманово во рамки на проектот „Ајде да зборуваме, моето здравје е мое право“, покажува дека и покрај достапноста на здравствени установи се уште има жени кои воопшто не се јавуваат кај лекар.

    „Моето здравје е мое право“ проект на НРЦ во Куманово

     Ова особено е изразено кај жените од ромската популација, кои немаат навика да одат на гинеколошки прегледи доколку за тоа немаат потреба.

    – Жените, генерално, а посебно Ромките воопшто не одат на лекар превентивно и не ги знаат своите права. Поради обемните административни процедури при посета на лекар, здравствените работници  не можат доволно да им обрнат внимание за да ги информираат што треба да преземат за зачувување на здравјето. Системот треба да се поедностави за да можат општите лекари и гинеколози суштински да се посветат на пациентите, - изјави координаторот на проектот, Себихана Скендеровска.

    Истражувањето било спроведено во декември минатата година меѓу 120 испитанички од Куманово и Кочани и матични лекари и гинеколози од двата града, а покажуваат дека најчесто жените од сите етнички заедници посетуваат лекар само кога се болни.