Наташа Беквалац ѕвезда на годинешните „Златни денови“ во Кратово
Новосадска поп пејачка Наташа Беквалац ќе биде ѕвезда на фестивалот „Златни денови“, кој во петок и сабота ќе се одржи на градскиот плоштад во Кратово.

Беквалац ќе настапи на втората фестивалска вечер во 23 часот.
Организаторите најавуваат две незаборавни фестивалски денови и со домашни музички имиња. Покрај Беквалац, ќе настапат и Тајзи, Мартинијан Кириловски, Мерак Меана со Анета Љумаковска, Даце, Тања Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш, Боби Павловски, а во полноќните часови следува забава со Ди џеј.
„Учесниците се гаранција за бескрајно задоволство на кратовчани и посетителите од Македонија и регионот“, велат организаторите.
„Златни денови“ се одржуваат по седми пат, остануваат симбол на културната живост и автентичноста на Кратово како град кој секогаш носи нова приказна, а секоја песна создава спомени.