×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неиздржани се реакциите на општините за новите тарифи на водата, велат од Регулаторна комисија

    03.02.2018 09:52 | KumanovoNews

    Реакциите од раководствата во локалната самоуправа за спроведувањето на реформите во секторот води на централно ниво не се издржани, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

    Неиздржани се реакциите на општините за новите тарифи на водата, велат од Регулаторна комисија

    Од таму тврдат дека реформите се започнати уште пред донесувањето на Законот за утврдување на цените на водните услуги во јануари 2016 година, кој Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги спроведува.

    „Со донесувањето на овој закон, во Република Македонија за прв пат тарифите за водни услуги се формираат на транспарентен начин, по методологија која се користи во многу земји во регионот и во рамки на Европската Унија. Главната цел на методологијата е утврдените тарифи да овозможат финансиски самоодржлив систем на водни услуги. Во однос на некои квалификации дека решенијата на Регулаторната комисија за енергетика се политички мотивирани, укажуваме дека таквите изјави се штетни за целиот реформски процес и базирани на недоволна упатеност во законските обврски и работата на комисијата. Потенцираме дека сите пресметки на тарифите се во согласност со законската и подзаконската регулатива која и понатаму професионално и доследно ќе биде применувана од наша страна. Професионалноста  во  донесувањето  на  решенијата  од  страна  на Регулаторната  комисија  за енергетика може лесно да се провери доколку за тоа се има желба и интерес“, - велат од комисијата.

     Општина Куманово е една од општините што не се согласува со новата тарифа за водата, а ЈП „Водовод“ поденесе тужба против Регулаторна комисија, поради зголемувањето на цената на водата за 4 денари кубик.