Пендаровски и Шекеринска на свеченоста на ЗОК во касарната „Боро Менков“
17.10.2019 06:44
| KumanovoNews
Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска ќе присуствуваат на свеченоста по повод Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
По повод Денот на единицата пред присутните ќе се обрати командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски.
За ден на ЗОК е определен 17 октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.

