Пет конкурси за проекти објави Министерството за култура
Во Министерството за култура во тек се пет конкурси за финсирање на проекти за наредната година.
Освен Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година, тука се и конкурсите на Креативна Европа, за стручно усовршување на уметници и дефицитарни кадри, конкурсот за учество на Интернационалната изложба на архитектура во Венеција, како и Конкурсот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” за текстови за монографијата „Како го читам Конески“.
Сите потенцијални учесници може да доставуваат свои проекти до Министерството за култура Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година до 15 ноември 2017 година. Поподробни информации за конкурсот и документите за пријавување за различни дејности може да се најдат и да се подигнат на: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018.