Мени

Поголемо поевтинување на горивата од полноќ

09.11.2026 13:01 | KumanovoNews

Нафтените деривати поевтинуваат во просек за 7,51 проценти во однос на цените утврдени од пред една недела.

Поголемо поевтинување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука бензините да поевтинат за седум денари по литар, па новата цена за Еуросупер БС-95 изнесува 86 денари, а на БС-98 ќе биде 88 денари за литар.

Дизелот поевтинува за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари, на 103,5 денари за литар. Поевтинува и мазутот, за 6,26 денари по килограм, на 49,31 денар.

Намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот. За бензините акцизата е намалена за два денара, а за дизелот за четири денари по литар.