Показна вежба по прва помош во случај на сообраќајка
16.03.2018 07:58
| KumanovoNews
Волонтерите од Црвен крст во соработка отсекот за превенција при СВР Куманово, вчера на Градскиот плоштад оддржаа показна вежба по прва помош во случај на сообраќајна несреќа.

Полицијата сопираше возила, а потоа возачите имаа обврска да укажат прва помош на повредено лице.
Обучени волонтерите од Црвениот крст им помогнаа и покажуваа на возачите како правилно треба да се санира повредата и да се помогне на повредено лице при сообраќајна несреќа.
Оваа активност во соработка со СВР Куманово се одвива неколку години наназад.