×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец од Ваксинце 15 години работел со лажна диплома

    28.10.2017 19:13 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.М.(38) од липковското село Ваксинце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Полицаец од Ваксинце 15 години работел со лажна диплома

    Б.М. од Тетово , вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“, како училишен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето,  во повеќе наврати, своерачно, внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М, за текстилна струка, насока - предач, кои се воделе во ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.

    И.М., и покрај тоа што знаел дека сведителствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година, се лажни и со невистинита содржина, ги употребил како вистински и како доказ во правниот сообраќај и тоа кај Нотар од Куманово при заверка на истите.

    Потоа тие документи ги употребил при засновање на работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како Приправник полицаец во СВР Куманово сметано од 05.05.2003 година. Но документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР на РМ  од 05.05.2003 година до септември 2017 година, по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за кој износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.