Постхумно признание за Слаѓан Станковиќ, по повод Денот на учителот
Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, додели постхумно признание на професорот Слаѓан Станковиќ – Битрак од Куманово.
Станковиќ беше дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓониʺ - Куманово и Математичко - информатичка гимназија во Скопје.
Признанија беа доделни на тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025-2026 година.
Признанијата ги доделија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која во своето обраќање, им го честиташе празникот на сите наставници, изразувајќи благодарност за споделувањето на знаењето, трудот, трпението и посветеноста во процесот на обликување на младите.
Станковиќ беше прогласен за просветен работник во Општина Куманово за 2025 година.