Премиера на „Јованче и Марика“ во Кумановскиот театар
28.02.2018 09:21
| KumanovoNews
Во театарот Куманово во сабота во 18 часот, во сабота премиерно ќе биде прикажана претстава за деца „Јованче и Марика“ во режија на Бојана Краљевска.

- Претставата е дел од нашите напори да се оживее и оддржи постојана детска сцена во Театар Куманово која што ја возобновивме со „Пинокио“ и „Волшебникот од Оз“, а сега за нашите најмлади ја подготвивме и бајката „Јованче и Марика“,- велат Кумановскиот театар.
Играат: Александра Михајловска, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Вера Ристовска, Сања Русеска и Матеј Стојковски.