Приведено лице од Кратово за спроведување истражна постапка
30.12.2021 10:07
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.Г.(28) од Кратово.

Тој бил баран по локален распис за спроведување истрага за сторено кривично дело по член 261 од Кривичниот законик.
А.Г. е приведен и предаден во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.