Промоција на „Ехо на слободата“ од Ана Јовковска
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утревечер во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Ехо на слободата“ од Ана Јовковска.

Промотор на книгата ќе биде проф. Александар Прокопиев.
Ана Јовковска (36) е новинарка, уредничка, ТВ водителка, авторка, продуцентка, лицe за односи со јавност и промоција, активистка и хуманистка.
Нејзините почетоци како ТВ лице се од 1994 година и низ дваесет и три години (23) континуирана работа во различни медиуми направила преку 1000 интервјуа со личности од јавниот живот, анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината.
Авторка е на две книги - „Пулсот и времето“ и „Ехо на слободата“.
„Ехо на слободата“ е збирка дијалози којашто е публикувана и промовирана во април годинава во издание на Издавачки центар „ТРИ“.
„Пулсот и времето“ е монографска збирка на интервјуа што обработува теми од интердисциплинарен карактер - уметност, филм, книжевност, филозофија, полтика и друго.