Мени

Протест на Отпорот на влезот на градот

01.03.2013 12:02 | KumanovoNews

 Протестот на здружената опозиција од Куманово денеска ќе се одржи на влезот на градот.

Протест на Отпорот на влезот на градот

Од 16.30 до 17.30 часот, на надвозникот кај фабриката Искра, отпорашите ќе го блокираат сообраќајот, со што ќе го изразат нивното незадоволство од актуелната состојба во државата. На присутните ќе им се обрати пратеникот Оливер Спасовски.