Првенство во атлетика ќе се оддржи во Куманово
29.09.2012 08:18
| KumanovoNews
Куманово утре ќе биде домаќин на државното првенство во атлетика за деца до 13 години. Отварањето ќе биде во 11 часот на атлетскиот полигон кај Соколана.
Ќе има осум екипи кои ќе дојдат со поголем број на натпреварувачи. Во Федерацијата има 30 клуба, но бидејќи се работи за деца кои се почетници, некои клубови може да дојдат со најдобри двајца атлетичари. Предвидени се трки на 60, 300, 600 метри, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле и слично. Од нашиот клуб “Скок“ ќе се натпреваруваат дваесетина деца - рече Филип Колевски, тренер во атлетски клуб “Скок“.
Децата ќе се натпреваруваат поединечно, а најдобрите атлетичари ќе добијат медали и дипломи.

