Ромски фолклорен фестивал ќе сеодржи во Куманово
06.11.2019 10:10
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи 18-ти Ромски фолклорен фестивал, во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, Куманово.
На фестивалот ќе настапат: КУД „Рушит Шакир“, РКЕЦ „Тернипе“ од Делчево, КУД „Јени Јол“ од Скопје, Сојуз на ромски друштва од Р. Србија, КУД „Тернипе“ од Битола и КУД „Рома Перспектив“ од Прилеп.
Фестивалот е помогнат од Општината, а е во рамките на прославата на пет века од постоење на Куманово.

