СДСМ вечерва бира нови членови на извршен и надзорен одбор
Општинската организација на СДСМ Куманово избира ново партиско раководство.

Предлог листите на претседателот Мартин Костовски со 18 членови во извршен и 5 членови во надзорен одбор, вечерва ќе се најдат пред делегатите на Изборна конференција.
За членови на избршен одбор предложени се: Оливер Илиевски-Перо Чичо, Милован Петковски-Никола Тесла, Дарко Ристовски-Трета МУБ, Шаип Рамадани-Перо Чичо, Љубиша Николиќ-11 Ноември, Александар Јовановски-Тоде Мендол, Добрин Петрушевски-Долно Којнаре, Миомир Петрушевски-Панче Пашев, Ненад Цветковиќ-Гоце Делчев, Марина Алексовска-Гоце Делчев, Александра Андоновска-Центар, Хана Џељадини-11 Ноември, Александра Атанасовска-Б.С.Гојчо, Бојана Михајловиќ-Љубодраг, Сања Јовановска-Ајдучка Чешма, Христина Крстевска-Центар, Катерина Пешиќ-Бошковска-Трета МУБ, Дејан Ивановски-Бајрам Шабани.
Предлози за членови на надзорен одбор се: Иван Николовски, Ивана Денковиќ, Артан Латифи, Александар Спирковски и Даниел Вучковска.
Претседателот Костовски кога беше реизбран најави дека новиот тим ќе биде комбинација на искуство и младост.
На конференцијата се поканети 117 делегати, кои треба да дадат подршка на предлозите.
Изборната конференцијата ќе се одржи во 19 часот во големата сала во зградата на Комитет.