Се намалуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06%.
Од утре максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС 95 – 94 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 96 (денари/литар), еуродизел БС (Д-Е V) – 95 (денари/литар), екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 97 (денари/литар), мазут М-1 НС – 44,410 (денари/килограм).
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 ден/лит. Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг.